Фирмите бараат нови стимулации

Bez autora
Feb 20 2011

Бавната администрација и досегашниот економски модел на раст продуцираа постојан пораст на трговскиот дефицит, а тоа е битен проблем за македонскиот бизнис, сметаат стопанствениците. Тие оваа година очекуваат подобри резултати од лани, но растот, според нив, ќе биде бавен, со оглед на светските трендови. Бараат државата да обезбеди стимулации за инвеститорите, производните компании и извозно ориентираните фирми. Потребни се поволности при купувањето на земјиштето, експресно реагирање на администрацијата и брзо исполнување на сите пропишани процедури. Државата, според него, треба да ги бара најголемите странски инвеститори, во Турција но да не ја заборави и Кина.

Фирмите бараат нови стимулацииБавната администрација и досегашниот економски модел на раст продуцираа постојан пораст на трговскиот дефицит, а тоа е битен проблем за македонскиот бизнис, сметаат стопанствениците.

Тие оваа година очекуваат подобри резултати од лани, но растот, според нив, ќе биде бавен, со оглед на светските трендови. Бараат државата да обезбеди стимулации за инвеститорите, производните компании и извозно ориентираните фирми.

„Потребни се поволности при купувањето на земјиштето, експресно реагирање на администрацијата и брзо исполнување на сите пропишани процедури“, изјави Илија Гечев, сопственик на „ИГМ-Трејд“ од Кавадарци.

Државата, според него, треба да ги бара најголемите странски инвеститори, во Турција но да не ја заборави и Кина.

„Комората излезе со предлог за порадикална промена на економската политика во фискалниот и во монетарниот дел. Досегашната политика го даде познатиот резултат - постојан пораст на трговскиот дефицит и исто ниво на невработеност, статус-кво ситуација“, нагласи Минчо Јорданов, претседател на Управниот одбор на „Макстил“.

Негова оцена е дека челичната индустријата бележи заздравување во однос на цените и на побарувањата, но дека во земјоделството нема позначајни промени.

„Има неверојатен пораст на цените на суровините што драматично го намалува профитот. Сепак, споредено со лани, има одредени подобрувања. Во земјоделството остануваат проблемите. Имаме исклучително малку и скапи обртни средства и Македонија нема дистрибутивни трговски синџири каде што би се планирало, доработувало, преработувало и дистрибуирало земјоделското производство“, истакна Јорданов.

Според директорот на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, досега имало резултати од владините антикризни мерки.

„Апелираме да има уште такви мерки, да се овозможи договор за слободна трговија со Русија. Ако тоа се случи реално, многу ќе ни ја поправи конкурентската позиција на тој пазар, кој за нас е еден од стратегиските“, изјави Мукаетов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik